Петар Печков
Објавено: четврток, 25 октомври 2012
Курбан Бајрам, трае четири дена, од денес до недела. Овој ден е славење и радување на тоа што го правел и бил покорен кон семоќниот Алах. Тој е и таканаречениот празник на жртвата затоа што тогаш се принесува жртва - курбан, обично овни и им се делат на сиромасите.
На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам - Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва - курбан која има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините. На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат на Светата Ќаба во Мека – вели Нијази Мустафовски оџа на Фазил Ахмет Паша Џамија, позната кај велешани како Црна Џамија. Тој е на ова место од почетокот на септември.
Одбележувањето ан Курбан Бајрам е по следниот редослед: првиот ден е најважен, бидејќи мажите одат во џамија и се молат. Потоа тие одат да жртвуваат овен или овца. Го сечат животното на 3 дела: првиот се дава на сиромашни луѓе, за да имаат храна на овој голем ден, вториот е за пријателите и соседите, а третиот е за човек кој ја принесува жртвата и неговото семејство. По ова, тие одат на гробишта да ги посетат починатите предци и блиски членови на семејството и да се молат во нивно име.
Датумот на Курбан Бајрам се определува во десеттиот ден од деветтиот месец лухиџе во исламскиот календар. Годинава кај муслиманите е 1434 година.
Tweet |