речник контакт

НАРОДЕН МУЗЕЈ - Велес

Кратка содржина за нашиот Музеј.

Аница Солева

Во Народниот музеј можете да видите различни предмети пронајдени во Велес и околината и тоа од различни временски интервали, почнувајќи од неолитот па сé до 20 век. Музејот има 3 спрата кои се временски разграничени. На првиот спрат има различни предмети за домаќинството и орудија за работа пронајдени во времето на неолитот, бронзеното, железното време, раната антика, римскиот период и ренесансата. На вториот спрат има слики, предмети и оружје од 19 век. Најинтересно на овој спрат е оружјето од Илинденско востание. На третиот спрат можете да видите селската и градската куќа, народни носии и сл. Во секој случај има што да се види. Ако не сте го посетиле музејот ве советувам да отидете, нема да згрешите. Сите посетители секој ден од 8-12 и од 16-20 часот имаат можност да ги видат вредните експонати изложени во археолошкото, историското, етнолошкото и одделението за историја на уметноста. Влезот е бесплатен.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »