Аница Солева
Објавено: среда, 05 октомври 2005
Се случи вчера кога излегов да се прошетам. Слушнав силна недефинирана музика. Сите почнаа да се чудат, леле Марсовци напаѓаат! За момент и јас си помислив дека тоа се Марсовци. Но, кога погледнав видов дека тоа е една обична кола, со безброј мали сини светла и многу гласна музика. Се прашав кој е овој Марсовец, зошто сака да привлече толку големо внимание? Сигурно не е од градов, но на регистарските таблички пишуваше VE ??? ??. Не успеав да го видам бројот на табличките , но барем знам дека е од Велес и дека не е Марсовец. Можам спокојно да спијам, нели?
Tweet |