Петар Печков
Објавено: среда, 25 јули 2018
И оваа година Повардарската епархија при МПЦ ОА организираше групно крштевање во водите на реката Бабуна.
На крштавката, која се одржа во саботата и беше единаесетта по ред, бројот на оние кои пристапија кон Светата православна црква примајќи ја Светата Тајна – Крштение, изнесуваше 11.
Чинот на осветување на водите на реката Бабуна и Светата тајна - Крштение го извршија свештеник Драги Гаштарски, свештеник Александар Стеваноски и ѓакон Никола Ѓорѓиевски. Со овој чин единесетте лица станаа членови на Светата Православна Црква.
фото Повардарска Епархија на МПЦ - ОА
Tweet |