речник контакт

На 17 мај во Велес за прв пат крводарителска акција во православен храм

Акцијата за крводарување „Да спасиме живот“ се одржува во чест на Св. Кирил и Методиј во административните простории на оваа црква

Петар Печков

Следната недела 17 мај за прв пат во Велес ќе се одржи крводарителска акција во православен храм. Најавена е за црквата С. Кирил и Методиј, а во чест на празникот на двајцата сесловенски просветители Св. Кирил и Методиј, кој се одбележува на 24 мај. Терминот е од 9 до 14ч. во административните простории на црквата. 

„Го повикуваме верниот народ од градот Велес, како и од целата Повардарска епархија, заедно со свештенството, да земе учество на оваа крводарителска акција, која придонесува за спасување човечки животи и зајакнување на јавното здравје“  -пишува во објавата на ФБ од страна на  Повардарската епархија.

 фото  ФБ Св. Кирил и Методиј

АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »