Петар Печков
Објавено: петок, 14 септември 2018
Главниот економски двигател на ЕУ е единствениот пазар кој е составен од 28 -те земји членки.Тоа им овозможува на повеќето стоки, пари, услуги и луѓе да се движат слободно низ границите. Економската политика на Европската Унија се стреми да го одржува растот преку инвестирање во транспортот, енергијата и истражувањето – истовремено минимизирајќи го влијанието на понатамошниот економски развој врз животната средина.
Интеграцијата на Македонија во НАТО Алијансата ќе значи цврсти државни граници, безбедност и сигурност за нашите деца и за идните генерации.
Интеграцијата во НАТО Алијансата има и позитивно влијание врз развојот на инфраструктурата. Нови патишта, железници, комуникациски и енергетски системи - рече Александар Гулевски
Граѓаните знаат дека најдоброто за секое семејство во Македонија и за нашата Tатковина е токму заедништвото и сплотеноста, како и одлучноста за членство во НАТО и во Европската Унија.
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговорност и одлучност. Овој историски момент ги повикува членовите на ВМРО-ДПМНЕ да одлучат и да ја поддржат иднината на Македонија во европското семејство.
Ние можеме да имаме политички разлики и да продолжиме со нашите секојдневни политички битки.
Но, за иднината на Македонија, сите треба да го дадат својот придонес. Не смее да има неодговорност, кога е во прашање иднината на Македонија - кажа Марија Левкова Куновска член на Извршен Одбор на ОО СДСМ Велес
Tweet |