Петар Печков
Објавено: понеделник, 26 август 2024
На големата летна крводарителска акција во Велес собрани се 86 крвни единици. Четворица од нив се првократни дарители. Ова е резултат на дводневната акција кој се реализираше во неделата и понеделникот во просториите на Европската куќа, или поранешното кино 11 Октомври.
Годинава таа се организира по 32 пат и вообичаено во август поради намалениот фонд на крвни резерви во летните месеци, од бројните сообраќајки во овој период од годината.
Организатор беше Општинската организација на Црвен крст Велес, Заводот за трасфузиона медицина Скопје. Уште на крајот на месец јули годишниот план за крводарување во Велес, заедно со Чашка и Градско е од 1891 крвна единица е натфрлен и собрани се 1936.
Tweet |