речник контакт

На 40 активни случаи во велешко падна бројката со позитивни на ковид-19

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се десет пациенти, еден повеќе од вчера

Петар Печков

Секојдневно намалување на  бројот на активни случаи со ковид-19 во велешко. Денес бројката падна на само 40лица. Изминатите 24 часа има регистрирано  три   нови случаи,  а оздравени се 11 пациенти. Податоците се од Министерството за здравство. Починати лица нема.
 
Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се  десет  пациенти,  еден повеќе од  вчера. Hа Инфективно  се хоспитализирани шестмина  а на Интерно се четворица пациенти. Два дена по ред,, ново примен е еден а нема   испишани.

„Потврдено позитивни се тројца, непотврден е еден  и шестмина  се негативни, но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка се седум  пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »