Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 август 2022
Третото авионско третирање против комарци оваа година ќе се изврши на 5 август (петок) во периодот од 5 до 8 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 6 август (сабота).
„Третманот се врши со средство KULFAK 50 ЕС, биоциден производ на производител KULSAN ILАС, од Турција. одобрено од Министерството за здравство на Република Северна Македонија, број на Решение 19-359/2 од 30.04.2018 година“- соопштија од Општина Велес.
Границата, на третирањето е Езеро Младост, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од Башино Село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и Горно Оризари.
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.
„Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства“- додаваат од локалната власт.
Tweet |