речник контакт

На 71 пациент падна бројката на пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19, кои се згрижени во велешка Болница

Ново заразени се петмина лица од велешко а на кислородна поддршка се 24 пациенти

Петар Печков

Се намалува бројот на активни случаи во велешко, откако изминатите 24 часа  оздравена 19 пациенти, позитивни на ковид-19 а  ново заразени се само пет. Ова се бројките кои ги објави Институтот за јавно здравје.  Или активни се 511 случаи а досега во велешко заразени биле 5.407.


Министерството за здравство информира дека е починат еден пациент од Велес, позитивен на ковид-19,  кој се лекувал на клиниките во Скопје, на 58 годишна возраст  Тој е 164 жртва на последиците од корона вирусот во велешко.

 „Починат е пациент на 71 годишна возраст, позитивен од Чашка, лекуван два дена на Интерно одделение потоа како позитивен префрлен во Модуларната Болница. Во текот на вчерашниот ден и еден пациент на пациент на 72 годишна возраст, позитивен, е  префрлен  во УК за Нефрологија Скопје. На кислородна поддршка се 24 пациенти. Испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест“ - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 74 пациенти,  од кои 57 се потврдени позитивни, тројца се  сомнителен  и 14 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение се   37 пациенти,  по пет се на Интерно и Физикално одделение и во  Модуларна болница се 27.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »