речник контакт

На 7-ми мај, седма по ред мото забава на ,,Носачи на крстот,,

Концерт на групите „Crossroad Blues Band” и BANDX. Влез и кампинг на Мотел Македонија бесплатни

Петар Печков

Седма година по ред, мото-клубот „Носачи на крстот “ од Велес   организира мото забава , која овој пат ќе се одржи на 7-ми мај со почеток на пладне во 12ч. , на просторот од Мотел Македонија.

На манифестацијата на која се очекуваат бројни гости од Македонија  но и странство, ќе има забава, дружење  и рок коцнерт. Организаторот  ветува незаборавна забава со добра музика, скара и пиво. 

Најпрвен ќе си ги измериме силите во спретно возење, потоа ќе го направиме најголемото мото дефиле низ градот кој има најмногу мотори по жител.  По дефилето жедта ќе ја изгасиме со брзо пиење на пиво, за потоа сите заедно -победници и останати, да се забавуваме заедно со бендовите што клубот ги одбра за вас - велат од мото клубот ,,Носачи на крстот,, организатор на манифестацијата. 

За  добро расположение  на гостите ќе се погрижат „Crossroad Blues Band”, и  BANDX најдобриот AC/DC tribute band. Агенда за манифестациајта е следна:  сабота 7-ми  мај

10h-12h Пријавување на учесници за возење

12h Натпревар спретно возење, споро возење Мотел Македонија

18h Дефиле по улиците на  Велес

19:30h Брзо пиење пиво и доделување на награди Мотел Македонија

20h „Crossroad Blues Band”

22h BANDX најдобриот AC/DC tribute band

Организаторот  мото клуб ,,Ночаси на крстот,,  најавува дека влезот за концертот  е бесплатен, истот така кампирањето е бесплатно а кампинг зоната на Мотел Македонија се отвора петок 6-ти мај во 14ч.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »