Петар Печков
Објавено: недела, 25 ноември 2012
Велешанецот Ангел Георѓиев кој има 28 години, веќе пет години има силен предизвик. Да го овековечи градот во кој живее, да го фати моментот на животот во него. Тој престојувал и половина година во Париз каде се усовршувал. Негова голема љубов се пејсажните фотографии кои ги работи со апарат Никон Д-7000. Во последниот период работи и портрети на познати лица.
Георгиев е професионално ангажиран во дигиталното студио ,,Фото Трајче,, во Струмица. За посетителите на ТРМР подарува неколку негови фотографии од Велес, дење и ноќе, во зима, лето, пролет и есен. Уживајте.
Tweet |