речник контакт

На Денот на мобилност, велосипедистите за кратко ги освоија улиците во Велес (фото)

Градоначалникот најави се работи студија за до година да бидат одбележени велосипедски патеки низ градот и околината

Петар Печков

Стотина учесници денес за кратко, за половина час ги освоија главните велешки улици. Во рамките на Денот без автомобили со што се одбележува  Европската недела на мобилност, стотици ученици од основните и средните училишта покажаа каков може да биде сообраќајот во Велес ако се користат еколошки средства за превоз.

На манифестацијата се придружија и велосипедистите од здруженијата на граѓани,  кои заеднички рекреативно  возеа од плоштад до Младинскиот парк.  Таму се одржа централната манифестација. Учениците од основните училишта твореа и така  ја изразија својата креативност а го насликаа Велес како го замислуваат на иднината, преполн со зеленило, виножито, здравје и co велосипеди.

За бројните љубители и корисници на велосипед градоначалникот на Велес најави дека до година градот треба да добие велосипедска патека, желба и барање старо со години. 

Еден од нашите најголеми приоритети следната година ќе биде Планот за одржлива урбана мобилност, нешто ново што не е донесено во ниедна општина во Македонија. Таа стратегија се изработува и се надевам дека експертите ќе најдат соодветно решени за Велес, каде да се одбележат велосипедски патеки, на кои сообраќајници. Ќе се обидеме да направиме компромис помеѓу двете крајности на Велес, едната што е стар град, со тесни улици, на кои е многу тешко да се обезбедат велосипедски патеки и потребата на новото време, да имаме што повеќе велосипедски патеки. Наш приоритет се пешаците, велосипедистите, потоа е градски превоз различно организиран од досегашниот и со автобуси на незагадувачки енергенси  па дури потоа автомобилите.    - рече Коцевски кој нагласи дека во Велес автомобилите треба да бидат истиснати од централното градско подрачје.

Тој се осврна и на реакциите на дел од велешани, откако по барање на рекреативците беше затворен патот низ Градскиот парк, во одредени делови на денот, за да може непречено оваа група граѓани да трчаат.  

Тешко е кога се менуваат закоравените  навики на граѓаните. Тоа го видовме со поставувањето на рампата во Градски парк,заради безбедност на рекреативците и какви се коментарите имаше кај дел од јавноста  - додаде  Коцевски. Манифестацијата се одржа со поддршка на Општина Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »