речник контакт

На Железничка во Велес, на пазар за возени точаци

Цената е до 50 евра а првите денови била и 20 до 30 евра. Имало и кога бегалците ги оставале велосипедите, за кои приусутните се бореле да ги добијат гратис

Петар Печков

Бизнисмени, трговци, млади и стари велешани неколку дена се на Железничката станица во Велес, која стана пазар за половни велосипеди. Нив ги продаваат бегалците,кои во последните две седмици започнаа велосипедот да го користат како превозно средство, за премин низ Македонија.

За дел од бегалците, Велес е крајна  цел на патувањето на две тркала,  и затоа  го продаваа по багателна цена. Работа беше на договор за колку  ќе се купи, но и во зависност од потрошувачката,која за последните два дена беше енормна.

Дворот од Железничатка личи на вистински ,,бувљак,, пазар на половни велосипеди. Додуша користени се само 50 до 100 км.  ама се продаваат за добри цени. Ако бегалците ги купуваат за 100 до 150 евра,  ги продаваат за 50 евра. Велешани масовно доаѓаат да купуваат. И млади и стари, и деца и фамилијарни. Сите се загледуваат, ги меркаат а потоа се ценкаат.

Во понеделникот цената беше ниска се купуваа и за 30 евра, во вторникот стаса до 50 и сега држи таа цена - вели железничар од  станицата во Велес.  Тој и неговите колеги се сведоци како  велешани масовно трнаа  во нов бизнис, откуп на возени  ,,точации,, како што во Велес се именува велосипедот.   Бегалците овие велосипеди ги купуваат или во Гевгелија или во Демир капија, од каде потоа продолжуваат до Железничката во Велес а  потоа со воз до Куманово.

Ова е најновата рута за минување низ Македонија.  За претходните два дена, понеделник и вторник, на железничката станица во Велес продадени се неофицијално околу 500 билети во правец  на Скопје и Куманово, што е своевиден рекорд.

Доколку имало повеќе до 500 патници, сигурно беа продадени повеќе од 450 велосипеди. Бидејќи најголемиот број од бегалците беа на две тркала, малкумина, децата само се возеа заедно со ридителите. На овој пазар можеше да се видат многумина познати велешани, кои доаѓаа  и купуваа. Имаше бизнисмен кој купи стотина, па тие сега ги продава во продавниците, како нови.  Не е лошо инспекцијата да провери од каде се најдоа толку многу велосипеди во некој дуќани  преку ноќ - вели таксист, кој секојдневно е на велешката железничка станица.  

Новина е што сите тие патници со вечерниот меѓународен воз од Солун за Белград, беа прифатени во Велес и отпатуваа  без проблем за Куманово, до каде им беше дестинацијата во Македонија. Потоа се симнуваат и продолжуваат пеш.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »