речник контакт

На Инфективно одделение во велешка болница примени мајка со две деца позитиви на ковид-19

Бројот на активни случаи во Велешко се искачи на 16

Петар Печков

На Инфективното одделение  во текот на изминатите 24 часа примени се тројца нови пациенти, дел од деветте ново заразени евидентирани вчера.

 „Примена е жена на 49 годишна возраст од Велес, ковид позитивна,во стабилна состојба без кислородна поддршка. На одделението с примени   о нејзините две деца на шест годишна возраст. Тие се исто така во стабилна состојба. Претходно на одделението е примен пациент на 69 годишна возраст од Неготино, во стабилна состојба, не е на кислородна поддршка“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

Инфективното одделение две седмици немаше пациенти кои беа згрижени поради проблемите со ковид-19 вирусот.

Од Министерството за здравство ги соопштија бројките за изминатите 24 часа. Во велешко има два нови случаи, со квоид-19 а нема оздравени. Бројот на активни случаи во Велешко се искачи на 16.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »