речник контакт

На Којник уапсено лице, кое поседувало марихуана, по што нападнал полицаец

Сличен инцидент се случи завчера во Лозово

Петар Печков

По завчерашниот напад врз полициски службеници во Лозово, од страна на велешанецот Д.М. (24 год), кај кого било пронајдена марихуана, сличен инцидент вчеравечер во Велес, на плоштад Којник.

„На 17 ноември  во 22.50 часот на Плоштад „Којник“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Т.(32) од Велес затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин и две дигитални ваги. При лишувањето тој се обидел да побегне и физички нападнал полициски службеник“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Лицето  било задржано  во Полициската станица Велес и по целосно документирање на случајот против него, полицијата  ќе поднесе  соодветни пријави.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »