Петар Печков
Објавено: петок, 05 јуни 2020
МВР информираше за настан кој се случил четвртокот наутро, близу пунктот на Македонија пат, кај Кула.
На 4-ти јуни во 4 часот на автопатот Велес- Скопје, после пунктот „Македонија пат“ после Велес, полициски службеници пронашле 25 илегални мигранти и три патнички возила – „ауди“, „фоклсваген“ и „мерцедес“ кое било превртено, сите со скопски регистарски ознаки. Претходно, возилата биле забележени кај Демир Капија и не застанале на даден знак за запирање продолжиле со движење кон Скопје. Во разговор со полициските службеници мигрантите појасниле дека биле симнати од трите возила - информираа од МВР
Увид на местото извршила екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачите и расчистување на случајот.
Tweet |