Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 јуни 2021
Со традиционалниот „Марш за Рацин“, вчера недела беше одбележана 78 годишнината од смртта на големиот поет, Коста Солев Рацин. Тоа се случи токму на денот, 13-ти јуни, 1943-та кога трагично загина поетот и револуционер Коста Рацин на планината Лопушник.
Маршот беше во организација на членови на Еколошката Групација „Зелена сила“ од Велес и гости од други градови.
Тие нивното патешествие го започнаа во мугрите, во 4 часот, кога положија цвеќе на споменикот ан Рацин, во центарот на Велес а потоа се упатија за Лопушник. Беше посетен споменикот на врвот Стог и на спомен обележјето во месноста Јама.
„Тука сме да се потсетиме на поетот и револуционер, кој на ова место го загуби својот живот. Споменот за Рацин никогаш нема да избледнее и очекуваме и наредните генерации да ја продолжат оваа традиција и да се потсетуваат на 13 јуни,на ова место кое испиша своја историја“-порача Смилев од Лопушник.
На маршот зедоа учество планинари од двете планинарски друштва од Кичево ПСД“ Бистра“ и ПЕД“ Ендорфини“. На крајот од маршот, традиционално на учесниците од Копачијата им беше поделен ручек, војнички грав.
Tweet |