речник контакт

На Македонија местото и е во ЕУ и НАТО

На две одвоени прес конференции Арсов и Петров низ бројки кажаа зошто треба да сме дел од овие два сојуза

Петар Печков

Во првото полугодие на тековната 2018, после поканата за членство во НАТО Алијансата и напредокот на преговорите со ЕУ, Македонија има забележано рекорден прилив на странски директни инвестиции во висина од 327 милиони евра, што е 3 пати поголем прилив од истиот период лани. Намалена е стапката на невработеност на 21.1% што е историски најниско ниво досега. Во првото полугодие во 2018 се реализирале 10.000 нови вработувања на наши граѓани што дополнително го забрзува растот.

Просечната плата бележи постојан пораст. Во месец јуни, 2018 година исплатена е за 6.1 процент повисока просечна плата во споредба со истиот период лани. Со порастот на платите повеќе пари се слеваат во семејните буџети на граѓаните.

Македонија избира иднина, приклучете се! Членството во НАТО и ЕУ ќе овозможи нови инвестиции кои ќе отворат нови работни места. Заедно ќе го запреме трендот на иселување на младите. Младите нема да сонуваат да се иселат надвор од Македонија. Преку ЕРАЗМУС, над 4 милиони млади луѓе од Европа, меѓу кои и младите од Македонија, имаат можност за академска мобилност, стекнување вештини, спорт, обуки, учење за различните култури и градење на заеднички европски вредности. Досега, ЕУ има инвестирано 8.8 милијарди евра во Младинската гаранција за вработување млади - рече Дејан Арсовски претседател на ОО на СДСМ за Велес.

Со Договорот носиме подобар живот за сите граѓани и го чуваме богатото историско и културно наследство, кое ја има направено нашата македонска нација славна.

Договорот го гарантира правото да се определуваме како МАКЕДОНЦИ. Нема повеќе оспорувања. Според членот 7 од Договорот, македонскиот идентитет ги отсликува нашата територија, јазик, народ, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство.

Според членот 1 од Договорот, официјален јазик на нашата држава е „македонски јазик“, кој е преведлив на сите јазици (на пример, на англиски јазик „Macedonian language“). Без никаква фуснота со дообјаснување! Македонскиот јазик е потврден – идентитетот е зачуван.

Државните симболи не беа дел од преговарачкиот процес.  Кодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ISO).

Со договорот го расчистуваме патот на Македонија за влез во НАТО и за почеток на преговори со ЕУ. Договорот гo гарантира правото на Македонците да се определуваат како Македонци. Нема повеќе оспорувања - кажа Душко Петров претседател на правната комисија на ОО СДСМ Велес.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »