Петар Печков
Објавено: петок, 11 август 2023
Вчера, четврток, среде бел ден жена нападната на Мало мовче и ограбена . Полицијата бргу го фатила сторителот.
„На 10 август во 13.20 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ѓ.К. (40) од Велес, поради основано сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“. Имено, истиот ден на ул.„Илинденска“ во Велес тој физички ја нападнал М.М (76 год) од Велес, при што ѝ одзел паричник со пари. Лицето е приведено во Полициската станица Велес, а одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот“ - информираа од СВР Велес.
По целосно документирање на случајот од полицијата ќе следи соодветна пријава.
Tweet |