речник контакт

На Општините им е потребна поголема финансиска независност

Владата да им помогне на локалните власти да излезат од долговите кажа заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески

Петар Печков

Општините во Македонија се судруваат со голема финансиска негатива и потребна е помош од државата за тие да започната со работа и нормално да функционираат. Ова на регионалниот форум „Процесите на децентрализација во Македонија“ го кажа заменикот министер за локална самоуправа. Градоначалникот на Велес пак  констатираше дека ова министерство е така маргинализирано, што малкумина се сеќаваат по име  кои се последните тројца министри. 

Сведоци сме дека општините се судруваат со проблеми од создадени долгови  и за да зборуваме за ефикасност на локалната власт потребна е  финансиска одржливост. Потребно е да се види зошто се така ,,заглавени,, општините, колку граѓаните се задоволни од услугите на локална власт а Владата да најде начин да ги откочи општините од овие долгови, за да можат тие да влезат во нормален процес на функционирање. На новите градоначалници да им се даде можност да се докажат колку знаат и умеат да работат  и понудените изборни ветувања  да ги реализираат  - рече  Дејан Павлески заменик Министер за локална самоуправа. 

Тој најави дека е формирана меѓу ресорска група која работи за симнувања на   услугите од културата од централно  на локално ниво. Кажа дека е започната реформа во социјалната сфера каде деца од ранливите категории  наместо во социјални институции да се згрижуваат во семејства.   

Колку значење се придава на локална самоуправа може да послужи и тоа што малкумина од тука присутните се сеќаваат  н а последните тројца министри со име и презиме, констатираше градоначалникот на Велес.  

Не се криви министрите , туку партиите кои при формирањето на Владата Министерство за локална самоуправа  го даваат за да се затвори некоја дупка и пополни бројка.  Како следни задачи во децентрализацијата ги сметам  уште поголема фискална децентрализација, пренесување на  надлежностите од работата на Центрите за Јавно здравје,  на Итната медицинска помош,  на Центрите за социјална работа, издавањето на документи за родени, починати, склопени бракови, изводите од матична евиденција -изјави  Аце Коцевски.

Тој како член на работната група на Законот за територијална поделба на Македонија од 2005-та откри дека тие предложиле во земјава  наместо 124 да има 61 општина а не 84 како што потоа Собранието изгласа.  Форумот беше организиран од Швајцарската амбасада, со цел подобрување на демократијата и  фискална децентрализација на општеството.   

Со очекуваниот почеток на процес  преговори за членство во ЕУ, децентрализацијата ќе стане уште поважно прашање и Швајцарската поддршка за граѓанско општество   ќе станува дополнителна вредност.   Ние силно веруваме дека демократија започнува од локално ниво. Во последните две години видовме извонредни општествени и социјални промени во земјата, за што голема заслуга е кај граѓанското општество  - изјави   Сибил Сутер Тејада - амбасадорка на Швајцарија во Македонија. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »