речник контакт

На Пашин мост уапсена група, која со два автомобили превезувала два кг марихуана

Лицата биле од Ореше, Богомила, Струмица и Кочани

Петар Печков

Средата на пладне, кај Пашин мост била уапсена група  од четири  лица, кои се превезувале со два автомобили а кај кои била пронајдена марихуана, во количество од два кг. 

„На 26.07.2023 во 13.50 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Ѓ.П.(54) од село Ореше, општина Чашка, И.М.(47) од Струмица, Х.М.(37) од Кочани и Р.Г.(46) од село Богомила, општина Чашка. По претходни сознанија и преземени мерки и активности, полициски службеници извршиле преглед во патничките возила „рено сеник“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Х.М. и „фолксваген голф“ со велешки регистарски, управувано од Ѓ.П., а во кои се превезувале и другите лица. Притоа, во возилото „рено“ биле пронајдени околу два килограми марихуана“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол, на СВР Велес.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Патници кои во тој момент минувале кај Пашин мост, сведочат за акцијата која ја реализирала велешката полиција.

„Имаше на патот , по средина од него расипано возило и тешко се одвиваше сообраќајот. Се враќавме од работа и помисливме дека ќе има застој и долго ќе се задржиме. Кога се создаде колона, во еден момент од повеќе страни се појавија вооружени маскирани полицајци и се упатија кон две возила. Ги повикаа да се предадат лицата, кои со кренати раце излегоа од автомобилите по што следеше претрага а нас не пуштија и заминавме“ - вели наш сограѓанин.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »