речник контакт

На Питијдата се изедоа и испија 2,16 милиони денари

За време на 8-та питијада изедени се 15,5 илјади пити и испиени 3,5 тони вино, соопшти организаторот општина Велес

Петар Печков

 За време на осмата велешка питијада, која се одржа минатиот викенд,  илјадниците гости потрошиле се 2,16 милион денари. Според организаторот, општина Велес за два дена изедени биле 15.500 пити пастрмалии и испиени 3,5тони вино. 

Студеното време  не беше пречка за упорните љубители на добрата капка и вкусна пита да ги вкусат  на  улиците, а   дел од нив се префрлија во рестораните, па така вистинската  бројка сигурно е многу поголема.

Претходно во четвртокот и петокот се славеше запивањето на младото вино во велешките ресторани, а викендот го обележа питијадата на велешките улици.

Истовремено Црвениот крст имаше поставено и касички за собирање на хуманитарни прилози и за два дена  собрани се 4,5 илјади денари.

На 8-мата по ред „Питијада“ учествуваа 14 производители на пита и 6 винарии од Велес и регионот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »