Петар Печков
Објавено: вторник, 01 ноември 2022
На Светското првенство во карате за кадети, јуниори и У-21, кое се одржа во Коња, Турција, меѓу бројната македонска селекција настапија и двајца велешани.
Во категоријата +70 кг борби кадети Лука Бацковиќ во првото коло загуби од Египќанецот Омар Метвали 0-1, кој стигна до финалето во групата каде беше поразен од Французинот Таџер Адам кој на крајот го освои бронзениот медал.
Во Коња настапи и Мартина Арсовска, која во кати У-21 во групата 8 од шест натпреварувачки беше шеста со 21,8 поени.
На ова СП двајца Македонци освоија сребрени медали Стефан Стојановиќ во категоријата + 84 кг. и Витомир Трајковски до 84 кг.
На Светското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 настапуваа вкупно 1859 каратисти од 105 држави.
Годинваа младите велешки спортисти настапија и на СП и ЕП во кајак на диви води слалом и во велосипедизам, во младински категории.
Tweet |