речник контакт

На СП во кајак на диви води слалом за сениори настапија и тројца велешани

Во Аугсбург веслаа Петрушев, Рибарски и Мирчевски, како и Олгица Мелова од Демир Капија

Петар Печков

Во Аугсбург Германија, се одржа Светското првенство во кајак на диви води, слалом- сениори.

На него учество земаа четворица натпреварувачи од Македонија,а тројца се велешани Ангелче Петрушев, Стефан Рибарски и Борче Маневски, како и Олгица Мелова од Демир Капија во женска конкуренција.

Сите тие веслаа во категоријата К-1. 

Петрушев со 19 години во сениорска конкуренција, во квалификациите во втората трка беше 19-ти од 72 учесници, додека Стефан Рибарски кој има 18 години, беше 49 а Борче Мирчевски 68. Во првата трка Рибарски беше 74, Мирчевски 78 а Петрушев последен 102. 

Олгица Мелова во женска конкуренција во првата трка беше 69 од 74 учесници а во втората 52 од 54.

Како репрезентација, машката учествуваше во 3хК-1. Од 30 држави учеснички, Македонија беше 20-та а веслаа Петрушев, Рибарски и Мирчевски.

За големата надеж во македонскиот кајак, Ангелче Петрушев, летово од меѓународните првенства, му останува уште настапот на Европското првенство за јуниори и до 23 год. кое во средината на август 11-14  ќе се одржи во Чешке Будојовце. Таму ќе настапат и Стефан Рибарски, Гоце Игнатов и Олгица Мелова.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »