речник контакт

На Светскиот ден на учителот, признание од Министерството за образование за велешанката Марија Давчевска

Признанието е за специјален едукатор и рехабилитатор

Петар Печков

По повод 5-ти октомври, Сојузот на просветните работници на Република Македонија и Министерството за образование, доделија Признанија и плакети на истакнати просветни работници за учебната 2021/2022 година.

Меѓу нив е и велешанката Марија Давчевска, вработена во ОУРЦ Маца Овчарова, како  специјален едукатор и рехабилитатор, Признанието е токму во оваа дејност, за специјален едукатор на ниво на Република Македонија  

Давчевска оваа работа, со децата со посебни потреби ја изведува 18 години и признанието е за „вонредните ангажирања и придонес во унапредување на воспитно- образовниот процес“, како што пишува во образложението.

Признанија на Светскиот ден на учителот 5 октомври,  добија  просветни работници во основно, средно образование и воспитувачки во градинките.  Признанијата се за конкретни достигнувања во воспитно- образовниот процес и придонес во унапредување на воспитно- образовната дејност на работното место.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »