Петар Печков
Објавено: петок, 10 септември 2021
Петмина студенти бруцоши се примени на отсекот нутриционизам, од Техничко -Технолошкиот факултет, кој работи и постои во Велес. Четворица од нив се во државна квота и еден е во специјална.
На факултетот има отсек прехранбена технологија и биотехнологија и за нутриционизам каде имаше слободни по 20 места во државната квота и по пет на двете насоки за вонредни студенти, или вкупно 50 бруцоши.
Факултетот работи во рамките на Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола. Партиципацијата е 200 евра за државната квота. Наставата трае осум семестари. Следното пријавувањето на кандидатите е на 15-ти и 16-ти септември и на 27-ми септември.
Tweet |