Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 октомври 2023
Единствената високо образовна институција, која има седиште во Велес, Технолошко - Техничкиот факултет, во прва година запиша 13 студенти. од нив седум се редовни и шест вонредни. Во новата академска година 2023/24 имаше слободни места за 50 бруцоши.
На двете насоки прехранбена технологија и биотехнологија и за нутриционизам имаше по 25 слободни места, од кои по пет беа за вонредни. На прехранбена технологија и биотехнологија запишани се 5 бруцоши, од нив двајца редовни и тројца вонредни а на нутриционизам осум , пет бруцоши и тројца вонредни.
Во тек е и четвртиот уписен рок. Студентите во прва година на двете насоки од Технолошко - Техничкиот факултет не плаќаат партиципација која е во висина од 200 евра. Тој работи во рамките на Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола.
Tweet |