Петар Печков
Објавено: вторник, 07 ноември 2023
Понеделникот навечер, пред полноќ, уапсено лице на автопат, кое превезувало мигранти. Информација за настанот од билтенот на МВР.
„На 6 ноември во 23.10 часот на автопатот А1 во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Ќ.Ш.(24 год) од Студеничани, скопско. Претходно, на автопатот Демир Капија -Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово откриле 15 лица мигранти од Сирија кои изјавиле дека биле превезувани со возило мерцедес со скопски регистарски ознаки, за кое подоцна било констатирано дека го управувал Ќ.Ш“ - соопштија од МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |