Петар Печков
Објавено: недела, 02 јуни 2024
Двајца прилепчани, возачи на возила, пријавиле во полиција дека на автопат близу Градско, на коловозната лента биле фрлени камчиња, кои им ги оштетиле шоферајбините.
„На 26 мај во 01.20 часот во СВР Велес, В.Ф.(36 год) од Прилеп, кој управувал патничко возило „пасат“ и О.Т.(37 год) од Прилеп, кој управувал товарно возило „мерцедес“, и двете со прилепски регистарски ознаки, пријавиле дека на автопатот Скопје-Гевгелија, после наплатна станица „Виничани“ во близина на надвозникот за исклучок од Прилеп, од страна на две лица на крајната десна лента од десната страна на автопатот била исфрлена поголема количина на камчиња, од кои им се оштетиле предните ветробрански стакла на возилата“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол ан СВР Велесњ.
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Tweet |