Петар Печков
Објавено: петок, 09 јуни 2023
Бреговите на езерото Младост, од страната спроти урбанизираниот дел, спроти плажите се освојуваат од диви кампери и дивоградби. За ваквата состојба предупреди советникот Игор Смилев на последната седница на Советот.
Тој апелираше да не се дозволи бреговите на езеро Младост да се случи втора Бабуна, во однос на дивоградби и узурпација на јавен простор.
„На лице место во неколку наврати излегоа градежни инспектори, во придружба и со полиција, се со цел тоа што се гледа да не се шири туку да се отстрани“ - кажа градоначалникот Колев.
На долна Бабуна локална власт лани есента избори 108 дивоградби.
Tweet |