Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 октомври 2008
Започна со работа Регионалната Академија за Источна Европа на ПроКредит Банка, лоцирана кај велешкото езеро Младост. Таа свечено беше отворена завчера вечер а вакви институции банката има уште две, во Мозамбик за Африка и во Никарагва за Латинска Америка. Тука секоја година ќе се обучуваат 300 вработени во Прокредит Банките од единаесет држави на Источна Европа, кои ќе учат теми кои не се опфатени во традиционалните училишта.
- Во последните месеци дојде до израз потребата банкарите да поседуваат вредности кои се протегаат над профитот и добивката. Менаџерите треба да бидат обучени за многу поширока област и треба да поставуваме нови стандарди во работењето. Ова е место каде ќе се креираат нови менаџерски и економски капацитети – изјави Фридер Ворман директор на Академијата.
Истата се наоѓа на простор од 9 илјади метри квадратни, над двата мотела на велешкото езеро Младост. Објектот во кој ќе бидат сместени банкарите од земјите на Источна Европа зафаќа 3,5 илјади метри квадратни, има 66 соби, отворен базен, ресторан со сопствена кујна, спортски терени. Инвестицијата е вредна 3,5 милиони евра и вработени се 20 лица. За да овозможи реализација на овој проект, локалната власт на Велес вложи сто илјади евра за да се обезбеди неопходната инфраструктура.
ПроКредит Банка е прва странска банка во Македонија која активно работи веќе 5 години, при што има исплатено повеќе од 372 милиони евра на повеќе од 89.000 мали и средни приватни претпријатија и услужува повеќе од 105.000 клиенти со општи банкарски услуги. Меѓу најголемите акционерите на ПроКредит Банка е Германската Влада а свое учество има и Холандската.

Tweet |