речник контакт

На влезот во Велес, откриен шлепер полн со илегалци

По откривањето мигрантите, кои биле околу стотина, тие се дале во бегство. Фатени 15 лица, повеќето жени и деца. Возачот заработи кривична

Петар Печков

Скопјанецот С.Ј. (40 год) е фатен при обид во неговиот шлепер да криумчари голема група на бегалци од Блискиот исток.  Тој бил откриен  на влезот во Велес утрово  во 7,30 часот при контрола на  Одделот за сузбивање на организиран криминал во заедничка акција со Мобилната единица за безбедност во сообраќајот.

Камионот кој бил со скопски регистарски таблички,  бил сопрен  на местото викано Штипска петља.  При контролата на камионот, дел од мигрантите ја пресекле церадата и се дале во бегство, по блиските лозја.   Полицијата успеала да пронајде и фати 15 емигранти сите од Сирија, од кои 11 биле возрасни, повеќето жени и 4 деца.

Истите со комбе на Граничната полицаја од пред  ПС Велес беа пренесени во Прифатниот центар во Скопје.  Против возачот, скопјанецот С.Ј (40 год) МВР до Јавното обвинителство за организиран криминал поднесе  кривична пријава за  ,,криумчарење  мигранти,,. Тој требало мигрантите да ги превезе до границата со Србија, откако ги презел по нивниот илегален премин од Грција во Македонија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »