речник контакт

На војничко гравче и тулумба во ново отворениот војнички ресторан

Инвестиција вредна 16 милиони денари за војниците од велешката касарна каде да се хранат

Петар Печков

Со војничко гравче и тулумба министерот за одбраната и неговите гости го сефтосаа новоотворениот војнички ресторан во велешката касарна Алексо Демниевски Бауман.  Во ова касарна која е обучен центар, престојуваат војниците кои доброволно го служат воениот рок во АРМ а таа воедно е и центар за обука на подофицерскиот кадар.

Министерството за одбрана започна инвестиционен циклус за подобрување на стандардот на војниците. Велешкиот воен ресторан е втор објект реконструиран од  наша страна. Ова е касарна каде 24 часа има војска, тој е обучен центар за доброволците и школата за подофицери. Продолжуваме  натаму со обновата на  касарната во Кичево и Попова Шапка, и секаде  каде има потреба – изјави министерот Коњановски.

Инвестицијата на изградбата на овој објект е вредна 16 милиони денари. Ако порано касарната вдомуваше 1,5 илјада војници денес тука престојуваат тристотини.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »