речник контакт

На вработени од ЕВН жител на Горно Јаболчиште им се заканувал со пиштол

ЕВН се сомнева дека крадел струја, тој со пиштол ги избркал од дворот

Петар Печков

Во саботата во 16,45  во Полициско одделение Чашка од страна две лица вработени во ЕВН пријавено е дека при контрола на електрично броило во семејната куќа на лицето Ш.М.(58) во село Горно Јаболчиште тој им се заканувал со огнено оружје.  Поради сомнение за диво приклучување на електричната мрежа, вработентеи од ЕВН биле  кај Ш.М. кој  извадил пиштол и сериозно им се заканил дека ќе пука кон вработените доколку не го напуштат дворното место и го искинал службениот налог кој го имале.

Веднаш по пријавата, лицето е повикано во просториите на Полициско одделение Чашка каде е обавен разговор, пиштолот марка „Застава“ калибар 9мм кој го поседувал со дозвола со Потврда за привремено одземени предмети е одземен.

По целосно документирање на случајот, против Ш.М. ќе биде поднесена кривична пријава поради основи за сомнение за сторено кривично дело „Загрозување на сигурноста“ .

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »