речник контакт

На градилиште во Велес пронајдени пет странски државјани без работна дозвола

Државниот инспекторат за труд презел соодветни мерки кон изведувачот на работите на градилиштето. Странските државјани протерани од земјава и изречена им е парична глоба

Петар Печков

На градилиште во Велес, затекнати странци кои работеле без работна дозвола.  Инспектори за странци при Регионалниот центар за Гранични работи Југ заедно со инспектори на  Државниот инспекторат за труд вчера извршиле контрола на градилиште во Велес.

„При контролата биле затекнати три турски, двајца албански и еден косовски државјанин, кои работеле како градежни работници на објектот без да поседуваат работни дозволи“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Државниот инспекторат за труд презел соодветни мерки кон изведувачот на работите на градилиштето.

Странските државјани биле изведени пред судија за прекршоци, кој на пет лица им изрекол парични глоби и по една година протерување и забрана за влез во државата, додека на еден турски државјанин парична глоба и две години забрана за влез затоа што веќе имал активна забрана за влез.

фото архива

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »