речник контакт

На двете велешки цркви има 11.273 гробни места

Реевиденцијата продолжува, има уште 2,8 илјади неевидентирани гробови

Петар Печков

Изборени се гробните места на двете велешки цркви. Нивната бројка е  11.273 гроба. Повеќето се на црквата Св. Спас  каде има  6.934  а на Св. Пантелејмон  4.339 гробни места.  Ова е информацијата од  ЈКП Дервен кој е управител на гробиштата.

Во писмениот документ стои дека на Св. Спас има реевидентирано 3.444 носители  кои имаат 5.599 гробни места. Состојбата пак на црквата Св. Пантелејмон е  2.917 гробни места на 2.040 сопственици.  Разликата помеѓу бројот на носители и гробни места е оти некои лица имаат и по две или три гробни места.   Процесот на реевиденција на гробните места не е завршен.

Реевиденцијата на гробните места од двете цркви продолжува. Имаме повеќе случаи на наши сограѓани, претежно велешани кои живеат во странство. Обично доаѓаат преку лето и ги пријавуваат гробовите на нивните блиски.  Имаме многу такви примери и случаи, затоа  постапката не е  завршена, продолжува и натаму - велат од ЈКП Дервен.  Така на гробиштата од црквата Св. Спас има околу илјада и тристотини а на Св. Пантелејмон  1,5 илјади  неевидентирани гробни места.    

 Гробните места на  починати лица  кои се оставени на непознати наследници, остануваат  засега без евиденција. Има случаи на запуштени  гробови од лица кои се починати до почетокот на Втората Светска војна,  некои и далеку порано, за нив никој не се грижи но нема никаква основа тие да бидат евидентирани. Едноставно правно никој не може да ги продаде или купи, а уште помалку нив да ги  користи доколку не докаже дека е во роднинска врска со починатите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »