речник контакт

На дело, на Лопушник, се покажува почитта кон Рацин

Стотина планинари и уште толку љубители на делото на Рацин се собраа во неделата на месноста Лопушник на планината Бистра, која повторно во прегратките ги прибра сите кои го почитуваат делото на поетот и револуционер Коста Солев.

Петар Печков

 За планинарите од Прилеп, Кичево и Скопје  тоа беше можност денот да се мине по ладовина, во марш и движење, наместо под пеколното жешко сонце, но и да се одбележи големиот историски ден, погибјето на Рацин.

Не ми е прв пат да доаѓам тука на Лопушник , сум бил многу пати. Но секогаш на овој ден се трудиме да дојдеме, тоа е нешто од внатре што не тера пеш да минеме многу километри за да му оддадеме почит на поетот  со чии песни  кој расневме - изјави    Ѓоко Каракашевски, член на планинарското друштво  Картуш од Прилеп, кој заедно со неговите колеги од друштвата Козјак и Јане Сандански дојде на местото каде поетот е застрелан на 13 јуни 1943-тата година.

Посетителите се качуваат и  блискиот врв, каде е споменикот за загинувањето   на Рацин, лоциран од место од каде се гледа целата регија. За луѓето од Копачијата ова е посебен ден, ден кога масовно доаѓаат на гробот на Рацин и му се поклонуваат и млади и стари. Сите заедно по тесните  козји патеки, се симнуваат до тешко достапно место  тешко каде Кочо погинал пред 67 години.

Доаѓам безмалку секоја година да му оддадам почит на Рацин, на местото на неговото погинување. Тоа како човек му го должам, згора на тоа што како новоформирана општина Другово ова ни е  како патронат – вели Анто Трајановски од селото Другово.

Тој дојде заедно со многу негови соселани, кои патеката на знаат напамет и покрај тоа што таа е обележана. На 1.5оо метри надморска височина, во дебелеа сенка и каде не допираат сончевите зраци,скромно е запишано неговото име и годината на раѓање и загинување и толку. Меѓу бројните гости и едно лице кое молкум стоеше на гробот неколку минути, така секоја година наназад.

На ова место сум  47 години по ред, не ми се случило да не дојдам. Без оглед какво е времето,  и какви се моите обврски на овој ден 13 јуни,  јас сум тука.  Доаѓам да му оддадам почит на човекот кој е вечност. Секој пат големите дејци, умови,  како што е случајот со нашиот поет и револуционер, имале тажна судбина и затоа болката останува и по толку минати години. Рацин дал пример како да се почитува обичниот човек, работникот, тој со неговата социјална литература заслужува и поголем респект од овој. Треба конечно да се расчисти неговото убиство  – изјави Стефан Николовски посетител од Кичево.

Тој забележа на слабото присуство на велешани на овој настан и чествување на денот на смртта на Коста Солев Рацин. Малубројната велешка делегација, составена  од градоначалникот и двајца борци, како и неколкумина професори и ученици од гимназијата што го носи неговото име, се премалку за големината на Рацин и почитта која треба да му се оддаде.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »