речник контакт

На денот на медицинските сестри, награди на најдобрите

Виолета Босилкова и Пандорка Најдова, добија нагрaда на републичко ниво, додека на општинско беа доделни десет признанија

Петар Печков

Медицинските сестри и акушерки од Велес во Розе салата,  го обележаа нивниот ден 5-ти мај на акушерките  и  12 мај денот на медицинските сестри и техничари. На ова дружење беа доделени признанија за најдобрите во секое одделение од велешката Општа Болница и од Здравствениот дом.

Денот на акушерките беше со мотото ,, Акушерките се потребни на светот, повеќе од кога и да е,, додека на медицинските сестри и техничари мотото беше ,, Здравствена нега базирана на докази,,.  Централна прослава била на 11 мај во Виница, каде на најхуманите сестри добиле награда. Таму од Велес признанија  за нивниот труд и работа добија  Виолета Босилкова и Пандорка Најдова.

  На општинско ниво награди добија уште десет сестри од ЈЗУ Општа Болница и ЈЗУ Здравствен дом а посебно признание одделението за уво, нос и грло.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »