речник контакт

На депонијата кај Градско вчера гореле гуми

Густиот црн чад бил регистриран во 7,47 ч.

Петар Печков

Вчера утро горела депонија во Градско, имало запалено гуми. Густиот црн чад   бил регистриран во 7,47 ч. по што била побарана помош од службите на телефонскиот број 112.

„Регистрирана е  појава на густ и темен чад во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“ во Општина Градско, по што ТППЕ Велес, заедно со ангажираните ресурси од Општина Градско, загаснеле депонија, на којашто најмногу гореле запалени гуми. Интервенирано е комбинирано, со ПП средства, а потоа комуналното претпријатие „Клепа Градско“ интервенирало со затрупување на опожареното место, по што пожарот е локализиран, а дежурни останале за да се следи состојбата до крајот на денот“- известија од  ЦУК.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »