речник контакт

На домаќинствата им се делат канти за отпад

Набавени се 1.380 канти вредни 1,2 милиони денари

Петар Печков

Општина Велес од почетокот на месец април започна со  распределба на канти за отпад. Тие се делат за домаќинствата и за правните субјекти на територијата на градот како и во Горно Оризари. Набавени се 1380 канти за отпад од 120 литри во зелена боја за комунален отпад и во жолта боја за отпад кој може да се рециклира. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Велес во износ од 1.2 милиони денари.

Општина Велес апелира до граѓаните да ги користат кантите согласно нивната намена и да се изнесуваат два часа пред утврденото време на собирање на отпадот - појаснуваат од локалната власт. 

Кантите за смет се делат согласно Програмата за управување со отпад за 2019 година.

Покрај кантите за отпад, на граѓаните им се дистрибуираат и летоци за спроведување на примарната селекција во нивните домови.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »