Петар Печков
Објавено: петок, 10 мај 2024
За два дена, во два одвоени случаи велешката полиција уапсила четири малди лица, кои поседувале марихуана. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 9 мај во 12.10 часот во Градскиот парк во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода Ф.С.(18 год) и малолетник, двајцата од Велес, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Вториот настан е од вторникот пред полноќ.
„На 7 мај во 23.20 часот на езеро Младост во Велес, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес ги лишиле од слобода Д.Ј.(29 год) и Л.Т.(29 год), двајцата од Велес. При преглед на патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј., а сопатник бил Л.Т., била пронајдена и одземена марихуана“ – дополни Ѓаковска.
По документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Tweet |