Петар Печков
Објавено: четврток, 15 септември 2016
Продолжуваат велешките рибарски приказни, но вистински документирано со фотографии. Ако пред еден месец на Вардар се улови амур капиталец од 18,3 кг, на велешко езеро деновиве е уловен повторно амур. Но овој за разлика од претходниот е далеку потежок и покрупен. Тежок е цели 27 кг. а го уловил Благој Панов.
Цели два и пол часа се обидував да го изнесам од водата. Се намачив па ми помогнаа некои момчиња, кои дојдоа со чамец. Го уловив на царевка, како и другите риболовци. Не кријам амурот беше фатен на езеро Младост – вели Благој.
Капиталецот од 27 кг. бил искористен како мени за на маса за пријателите и блиските. Панов во неговиот долг риболовен стаж може да се пофали и со повеќе уловени сомови а некои тешки и до 40 кг. некои на езеро други на Вардар.
Tweet |