Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 јули 2024
При забава која се одржувала на долна Бабуна, полицијата лишила од слобода седум лица поради поседување на марихуана. Едно лице пак физички нападнало полицаец, па бил уапсен. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„Во периодот од 22.30 часот на 29.06. до 01.20 часот на 30.06.2024, за време на одржување на забава на место викано Бабуна, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Ф.И.(33 год) од Прилеп, И.Ш. (31 год) од Прилеп, Д.С. (22 год) од Пробиштип, Б.Б.(51 год) од село Василево, струмичко, С.А.(22 год) од Скопје, П.Т.(21 год) од Велес и С.М.(38 год) од Велес. При преглед кај лицата биле пронајдени бела прашкаста материја и марихуана“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Вториот инцидент се случил нешто подоцна.
„На 30.06.2024 во 01.15 часот на место викано Бабуна, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Ј.(44 год) од Велес, затоа што физички нападнал полициски службеник додека вршел службени дејствија. Д.Ј. бил задржан во полициска станица“ – информира Ѓаковска.
За настаните известен бил јавен обвинител и по документирањето против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |