речник контакт

На истекот од годината, локалната власт со награди за најуспешните

Годинава признанија добија Тоше Петрушев за хуманист - крводарител, Ермин Јаворовац- најуспешен комунален работник, Митко Стоиловски најуспешен пожарникар, Зоран Блажевски- најуспешен полициски службеник

Петар Печков

Традиционално на истекот на годината, локалната власт ги награди највредните и најуспешни во 2023 година, поединци кои со нивната работа  дадоа пример и помагаа на граѓаните. Преку оваа традиционална новогодишна свеченост, во чест на поединците и колективите  кои оставија личен белег, пример за сите генерации велешани, јавно им се оддава признание  на најуспешните.

Годинава признанија добија Тоше Петрушев, хуманист - крводарител, Ермин Јаворовац- најуспешен комунален работник, Митко Стоиловски најуспешен пожарникар, Зоран Блажевски- најуспешен полициски службеник.

За најхуман  беше прогласен Тоше Петрушев. Кој  како момче со неполни 18 години за првпат дарувал крв. И од тогаш па се до денес, цели 44 години непрекинато, несебично и редовно дарува од скапоцената течност. Крводарителстовото го започнува на вонредна крводарителска акција која била организирана во Основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во чија што близина и тој живее. Потоа продолжил и како вработен во фабриката за шински возила „Колска“. Имало и такви случаи кога при недостиг на крв, тој на повик од болниците во Велес и во Скопје, дарувал од својата крвна група О+. Да се спаси човечки живот или да му се помогне на некој кога тоа е најпотребно е животното мото на Петрушев. оваа година по 117-ти пат се впиша во книгата на крводарители


За  најдобар од комуналното претпријатие Дервен, годинава признанието го доби Ермин Јаворовац,  човек од теренот, од тимот што се грижи за хигиената во Велес. Не штедејќи се, со истиот смирен професионален однос вредно си ја врши работата. Поради неговата одговорност, професионализам и посветеност, предничи пред другите во работата.

Наградата за најдобар пожарникар ја доби  Митко Стоиловски, пожарникар спасител-водич во Територијална противпожарна единица Велес. Над три децении професионално и посветено учествува во сите активности и акции што се организираат за безбедност на граѓаните. Пример за сите следни генерации –млади пожарникари. За неколку месеци Стоиловски заминува во заслужена пензија.

Во категоријата најуспешни, Општина Велес го наградува и полицискиот службеник Зоран Блажевски.  Вработен е во БПС Велес од 2016 година. Блажевски денес е самостоен полицаец за криминалистичко технички работи и е еден од најпрофесионалните и најодговорните во извршување на задачите во службата.  Во своето професионално работење се истакнува со темелно познавање на законската регулатива, со одговорност и дисциплина, како и посветеност во градењето на меѓучовечките односи во колективот.
 
Општина Велес годинава додели две признанија, благодарници. За Гимназијата „Кочо Рацин“  за креативниот придонес во развојот на воспитно- образовниот процес и  афирмацијата на Општина Велес преку квалитетната едукација на млади и за Секторот „Паркови и зеленило“ на ЈКП „Дервен“ за креативниот придонес во хортикултурното уредување на парковите површини и одржувањето на градското зеленило за поубав Велес.
 
На свеченоста беа врачени стипендиите, за студенти и ученици, кои беа избрани по распишаниот јавен конкурс.  Беа доделени и признанија за вработени oд локанaта власт.
 
На свеченоста настапи   детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ под диригентство на Веселинка Маџарова.

фото Општина Велес

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »