Петар Печков
Објавено: четврток, 09 јули 2015
Во саботата во Eightball клубот во Солун, соседна Грција, се одржа концерт на големиот Grind Core bend, Terrorizer од САД.
Во пеколната атмосфера групата која е лидер на овој најекстремен правец во метал музиката, покажа зошто и по толку години постоење секгоаш се добредојдени било каде, на било кое место на светот. Настапија со понов материјал и нивни големи хитови.
На концертот присуствуваа и неколкумина велешани предводени од Борче Стојанов, кој е автор на фотографиите.
Tweet |