речник контакт

На крајот од јануари сезонскиот грип во велешко со намален број случаи

Велес е во градовите со средна активност со грип, според Институтот за јавно здравје

Петар Печков

Двојно опаднал бројот на случаи на лица кои се грипозни во Велешко. Во четвртата седмица од јануари, Центарот за јавно здрвје Велес има регистрирано 42 лица.

За потсетување во јануари имаше 96, во втората седмица 111 што е максимум годинава и во првта 109.

Или вкупно досега има регистриано 348 заразени. Со бројката од 42 заболени лица Велес е во градовите со средна активност со грип, според Институтот за јавно здравје. 

Најмногу заболените лица се пријавени во  Скопје – 526, Струмица - 178, Охрид – 113, Прилеп – 111, Куманово – 102, Тетово – 84, Штип – 78, Кавадарци – 77, Дебар – 67, Битола - 55, Гевгелија – 54, Велес – 42.  

Од сезонски грип во Велес  на крајот од октомври и почетокто на ноември се вакцинираа 3.017 граѓани со бесплатната вакцина и 55 со комерцијалните кои чинеа 800 денари. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »