Петар Печков
Објавено: сабота, 17 април 2021
На денешната крводарителска акција, крводарителите од Градско и околните населени места покажаа висока хуманост.
Во општината која брои околу 3.500 жители собрани се 69 крвни единици, што е одлична бројка и висок процент на дарувања во однос на бројот на жители.
Од дарителите четворица даруваа за прв пат и станаа дел од најхуманото семејство во земјата.
Крводарителската акција заеднички ја организираа ОО на Црвен крст Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје помогнати од Општина Градско.
Следна крводарителска акција е на 25-ти април, во Велес, која е во организација на МК „Носачи на крстот“.
Tweet |