Петар Печков
Објавено: недела, 06 ноември 2022
Успешно се реализираше денешната крводарителска акција, која се организираше по повод 9 Ноември, Денот на Општина Велес. Таа се одржан 15 година по ред. Крводарителите одново ја докажаа хуманоста, даруваа 158 крвни единици, од нив петмина се првократни дарители. Рекордна е акцијата беше во 2013 кога беа собрани 177 крвни и единици.
Крводарителската акција заеднички ја реализираа ОО Црвен крст на Велес, Мото клубот Носачи на крстот и Општина Велес, со екипи од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Таа беше изведена во Ликовниот салон и траеше од 8 до 16ч. а крв се даруваше на 10 кревети, со што се избегнаа редици од чекање.
До крајот на месец октомври во Велес и соседните општини Градско и Чашка, собрани се 2936 крвни единици а планот е 1861. Досегашниот одѕив е повисок од истиот период лани. До крајот на година има уште неколку крводарителски акции.
Tweet |