Петар Печков
Објавено: недела, 15 март 2026
Во просториите на "Skill Up Academy" Велес, денеска -недела, се одржа традиционална крводарителска акција, годинава по петти пат. На акцијата даруваа 29-мина крводарители, четворица од нив даруваа за прв пат.
„Огромна благодарност до SKILLUP Academy за соработката и хуманоста која ја покажуваат години наназад. Тие се единствената приватна фирма во која се одржува крводарителска акција“ – соопштија од Општинската организација на Црвен крст од Велес, кој заедно со Skill Up Academy" и Заводот за трансфузиона медицина од Скопје ја организираа крводарителската акција.
Најуспешна досега е крводарителската акција од 2024 година со 71 крвна единица, лани на денот на трагедијата во Кочани се собраа 56 крвни единици. На првата 2022 беа собрани 42, во 2023 - 43.
фото ОО Црвен крст Велес
| Tweet |





